сабота, 16 мај 2026

САД се подготвуваат да побараат обвинение против Раул Кастро, поранешениот претседател на Куба

Министерството за правда на САД се подготвува да поднесе обвиненија против поранешниот кубански претседател Раул Кастро, изјавија за Асошиејтед прес три лица запознаени со ова прашање.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Сето ова се случува во услови на закани од американскиот претседател Доналд Трамп дека воено ќе ја нападне оваа карипска островска земја каде што комунистите се на власт 75 години.

Еден од изворите на Асошиејтед прес изјави дека потенцијалното обвинение е поврзано со наводната улога на Кастро во соборувањето на четири авиони во 1996 госина, со кои управувала организацијата на Кубанците во егзил Браќа за спас.

Раул Кастро во тоа време беше министер за одбрана на Куба.

Сите три извори зборуваа под услов на анонимност поради тековната истрага.

За можно обвинение – кое мора да биде одобрено од голема порота – прва објави американската медиумска мрежа Си-би-ес.

Случајот против Кастро потсетува на обвиненијата за трговија со дрога против поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, кои администрацијата на Трамп ги искористи за да го оправда киднапирањето на Мадуро во Каракас и неговото префрлање во САД за судење.

Трамп ѝ се закани на Куба во март дека таа ќе биде следна по Венецуела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ