вторник, 28 април 2026

САД признаа дека во нападот со дрон во Кабул загинале цивили, од кои 7 биле деца

Објавено на

часот

Сподели

По неколку недели тврдење дека во нападот со беспилотно летало на 29 август во Кабул бил убиен терорист на ИСИС-К, Централната команда на САД сега признава дека сите жртви биле цивили, вклучително и деца, но нема да казни никого.

Истрагата открила дека во нападот на 29 август загинал невин хуманитарен работник заедно со девет члена на неговото семејство, вклучувајќи седум деца.

Најмладата жртва имала само две години.

Американските разузнавачи осум часа го следеле автомобилот на човекот, верувајќи дека е поврзан со терористичката група ИСИС-К.

Нападот беше една од последните акции на американската војска во Авганистан, пред да заврши 20-годишната воена операција во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ