понеделник, 4 мај 2026

САД остро го критикуваа Израел поради населувањето на Западниот Брег

Објавено на

часот

Сподели

„Длабоко сме загрижени за планот на израелската влада“, изјави за новинарите портпаролот на американската дипломатија Нед Прајс.

„Силно се спротивставуваме на проширувањето на населбата, што е целосно спротивно на напорите за намалување на тензиите и гарантирање на мирот и им штети на изгледите за решението по принцип на две држави“, израелска и палестинска, додаде тој.

Израел ќе изгради 1.355 нови станови во седум еврејски населби на окупираниот Западен Брег, објави во неделата Министерството за градежништво, а палестинските власти веднаш ја осудија одлуката. Властите треба да предложат и изградба на дополнителни 3.000 станови, пишува Ројтерс.

За овие нови станови и оние чија изградба властите ја најавија во август на Западниот Брег зелено светло мора да даде и министерството за одбрана.

„Зајакнувањето на еврејското присуство (на Западниот брег) е клучно за ционистичката визија“, рече Елкин, член на екстремно десничарската партија Нова надеж.

„Ние, исто така, сметаме дека секој обид за ретроактивно легализирање на нелегалните населби е неприфатлив“, одговори Нед Прајс во Вашингтон, гарантирајќи дека овие ставови на американските високи претставници директно се пренесени на израелските колеги.

Тоа е еден од најострите ставови на САД во однос на израелското населување на палестинските територии откако претседателот Џо Бајден влезе во Белата куќа на почетокот на оваа година.

Неговиот претходник Доналд Трамп направи низа потези во корист на Израел и тогашниот премиер, неговиот „пријател“ Бенјамин Нетанјаху.

Државниот секретар на Трамп, Мајк Помпео, дури ја измени американската доктрина во 2019 година, тврдејќи дека Вашингтон повеќе не ги смета колониите спротивни на меѓународното право. Ваквиот став Израел го прослави како победа, а го критикуваа Палестинците.

Израелската колонизација доживеа голем подем за време на мандатот на Трамп.

Владата на Бајден, која официјално се спротивстави на колонизацијата, беше претпазлива во последниве месеци и кратко ги предупреди Израел и Палестинците да се воздржат од „еднострани“ потези кои можат да предизвикаат тензии.

Актуелната администрација, се чини дека, со денешното предупредување е поблиску до ставот на поранешниот претседател Барак Обама, кој на крајот на својот мандат во 2016 година прифати историска резолуција на ОН за осуда на израелските колонии.

Тие колонии подигнати на палестинските територии окупирани од Израел во 1967 година. Обединетите нации ги сметаат за нелегални, а голем дел од меѓународната заедница ги смета за голема пречка за мирот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ