Експертите од Администрацијата за храна и лекови (ФДА) го поддржаа потегот и побараа итно одобрување во рок од неколку недели.
Компанијата во септември соопшти дека податоците од нејзините испитувања покажале дека вакцината против коронавирусот е безбедна за децата од таа возрасна група.
Соединетите Американски Држави веќе им ја даваат оваа вакцина на оние што имаат 12 и повеќе години. Последната одлука опфаќа околу 28 милиони американски деца.
Советодавниот комитет на ФДА за вакцини и сродни биолошки производи во вторникот утврди дека придобивките од земањето на вакцината ги надминуваат ризиците.
Се очекува ФДА да ги одобри наодите на комитетот, отворајќи го патот за директорот на ЦДЦ да препорача вакцинирањето да почне во почетокот на следниот месец.






