вторник, 19 мај 2026

Русија започна големи нуклеарни вежби: Се лансираат балистички и крстосувачки ракети

Русија денес започна тридневни нуклеарни вежби кои вклучуваат лансирање балистички и крстосувачки ракети, објави министерството за одбрана. Белорусија, исто така, учествува во вежбите, во кои се вклучени подморници, авијација и копнени сили, пишува Ројтерс.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во вежбите учествуваат 64.000 војници и се користат 7.800 парчиња воена опрема, а целта е да се вежба „подготовка и употреба на нуклеарни сили во случај на агресија“, според соопштението на министерството.

Министерството објави дека во вежбите учествуваат руските ракетни сили, Северната и Пацифичката флота, авијацијата со долг дострел и единици од Ленинградскиот и Централниот воен округ. Ангажирани се повеќе од 200 ракетни лансери, 140 авиони, 73 воени бродови и 13 подморници, од кои осум се стратешки нуклеарни подморници.

Вежбите ќе вклучуваат и обука за употреба на руско тактичко нуклеарно оружје распоредено во Белорусија, додаде министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ