четврток, 16 април 2026

Русија сè уште не ги трга САД од листата на непријателски земји

Објавено на

часот

Сподели

Тој истакна дека пред да се применат договорите постигнати за време на неодамнешната средба на рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден.

Прецизираше дека разговорите на највисоко ниво „водат кон разбирање каде е бесмислено да се разговара, а каде конверзацијата е неопходна, каде страните категорично не се сложуваат, а каде можат да соработуваат во целосна хармонија“.

„Меѓутоа, разбирањето виси во воздух сè додека нема примена на релевантните работни механизми и без конкретизирање на договорите. Лидерите не можат да зборуваат за детали поради одредениот временски притисок, тие зборуваат генерално, а општи прашања, а деталите се разработуваат подоцна на работно ниво“, додаде Песков.

Новинарите го прашаа Песков дали постои можност Русија да ги тргне САД од листата на непријателски земји по средбата на Путин и Бајден во Женева минатата среда.

„Додека не стапи на сила примената, додека не се видат резултати од договорот, нема основа да се прават промените за кои прашувате“, порача портпаролот на Кремљ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ