среда, 22 април 2026

Русија или Кина, од кого Пентагон повеќе се плаши?

Објавено на

часот

Сподели

„Главната опасност за оваа нација е, долгорочно гледано, Кина, а краткорочно Русија. Мораме да бидеме сигурни дека сме фокусирани на нив“, кажа Хајтен зборувајќи на Институтот за нови технологии.

Тој така одговори на прашањето да ги потврди информациите за американските планови да ја завршат воената мисија во Ирак. Хајтен додаде дека нема да дава изјави на таа тема, бидејќи, како што истакна, Пентагон само ги спроведува одлуките кои се носат во Белата куќа.

Според него, она што е видено во Авганистан или тоа „како сега се одвиваат настаните во Ирак“ претставува „разбирање дека не смееме да ги игнорираме заканите на Блискиот Исток, туку дека со нив треба да се носиме на поинаков начин“.

Тој предлага „оставање мала трага, за нашето „тело“ да биде пофокусирано на заканите од Кина и Русија“.

Русија во последните години укажува на активности без преседан на НАТО кај своите западни граници, и Москва повеќе пати изразува загриженост поради зголемувањето на НАТО трупите во Европа. Алијансата тоа го оправдува со „зауздување на руската агресија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ