среда, 22 април 2026

Путин: Руската флота е способна да открие и да уништи секаква мета (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во Санкт Петербург се одржа главната парада во чест на 325-годишнината од формирањето на руската флота.

„Денес, руската флота располага со сè што треба за непогрешливо да ја одбрани татковината и нашите национални интереси. Способни сме да откриеме која било непријателска мета под вода, на површината или во воздухот и да ѝ нанесеме, ако треба, смртоносен удар“, кажа Путин во говорот.

Според него, Русија го зазема своето место меѓу „главните поморски сили во светот“ развивајќи „поморско воздухопловство со краток и долг дострел, крајбрежни одбранбени системи и хиперсонично прецизно вооружување од новата генерација без конкуренција во светот кое продолжува успешно да се доработува и подобрува“.

[video:https://youtu.be/Z409tXc4lZ8 autoplay:0]

На парадата учествуваа 54 брода, 48 авиони и над 4.000 војници.

На Нева, покрај другите бродови, беше прикажана најновата фрегата од проектот 22350 Адмирал Касатонов. На крајот на тој дел од парадата ловци Су-25 го обоија небото во боите на руското знаме. Парада се одржа и во Владивосток каде што се наоѓа Тихоокеанската флота, а празникот на руската морнарица го одбележаа и Северната, Црноморската, Балтичката и Касписката флота, како и руските поморски сили во Тартус во Сирија.

[video:https://youtu.be/tn3OvkPA31c autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ