Во соопштението за медиумите, амбасадата наведе дека, покрај дронот што експлодираше во пристаништето, уште три слични дронови се движат кон романските територијални води.
„Со оглед на нецелосните информации што ги објави романското Министерство за национална одбрана во врска со поморскиот дрон што експлодираше во пристаништето Констанца, како и три други слични дронови што се движеа кон романските територијални води, руската амбасада во Романија ја информира романската јавност дека станува збор за украински беспилотни поморски возила, кои режимот во Киев ги користи за извршување терористички акти против цивилни бродови и создавање закани за безбедноста на пловидбата во Црното Море“, изјави руската амбасада.
Исто така се додава дека секој обид овие дронови директно или индиректно да се поврзат со Русија и да ѝ се припише одговорност за инцидентот е неоснован.
Реакцијата на руската амбасада уследи по изјавата на романскиот претседател Никушор Дан, кој оцени дека инцидентот во пристаништето Констанца е директна последица на војната што Русија ја започна против Украина.
Експлозијата на поморски дрон се случи во петок наутро во близина на пристаништата 77 и 78 во пристаништето Констанца. По инцидентот, властите го активираа Црвениот план за интервенција, додека според првичните информации, немало жртви.






