Поголем дел од осомничените беа отпуштени од вооружените сили по неуспешниот пуч, но 44 се во активна служба, а највисокиот ранг на осомничените е полковник, пренесува АП, повикувајќи се на турската агенција Анадолу.
Истрагата, предводена од обвинителите во западниот град Измир, досега доведе до 137 апсења во 41 провинција.
Турција продолжува редовно да спроведува масовни апсења на осомничени следбеници на Фетулах Ѓулен, поранешен имам кого Анкара го обвинува дека го испланирал обидот за преземање на власта, што доведе до смрт на 251 лице.
Ѓулен, кој од 1999 година живее во американската држава Пенсилванија, ги отфрла обвинувањата, а Турција ја прогласи неговата организација за терористичка група.
Вкупно околу 4.900 луѓе се осудени на затвор од неуспешниот државен удар, меѓу кои и околу 3.000 што се осудени на доживотен затвор, додека повеќе од 130.000 луѓе се отпуштени од јавната служба, меѓу кои и повеќе од 20.000 припадници на војската.






