сабота, 25 април 2026

Макрон: Европа мора да се разбуди, САД, Русија и Кина ни се противници

Европејците мора да ги засилат напорите и да ги бранат сопствените интереси бидејќи САД, Кина и Русија сега се „изречно против“ нас, предупреди вчера францускиот претседател Емануел Макрон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не смееме да потцениме дека ова е уникатен момент во кој американскиот претседател, рускиот претседател и кинескиот претседател се против Европејците. Ова е вистинскиот момент да се разбудиме“, рече Макрон во разговор со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис организиран од весникот Катимерини во Атина.

„Мора да имаме поголема самодоверба и да ја презентираме нашата сопствена агенда“, додаде тој.

Францускиот претседател исто така рече дека очекува тензиите со САД да продолжат и по мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Ова е историски тренд. Можеме да соработуваме со САД по некои прашања, што сè уште има смисла поради заедничките вредности и историските врски, но верувам дека ваквиот американски пристап ќе потрае“, рече тој.

Тој истакна дека главната разлика помеѓу првиот и вториот мандат на Трамп е тоа што многу европски земји го сметаа првиот мандат за исклучок што ќе помине без потреба од големи промени.

„Сега многу колеги се посвесни за ситуацијата бидејќи по толку години разбираме дека мора да реагираме. Мора да дејствуваме како Европејци, да бидеме пообединети и да ги браниме нашите интереси. За мене, ова е вистинската насока“, рече Макрон.

Макрон пристигна во Атина по неформалниот состанок на Европскиот совет на Кипар, бидејќи Франција и Грција планираат денес да потпишат обновување на билатералниот безбедносен договор.

Ова е ажурирање на договорот од 2021 година, договорен од Макрон и Мицотакис, кој вклучува клаузула за заемна одбрана и обврска Грција да купи француски воени бродови во вредност од најмалку 3 милијарди евра.

Новиот договор ќе биде продолжен за уште пет години, со автоматско продолжување, а се очекува и проширување на соработката во нови области како што се надворешната политика, цивилната заштита и економијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ