сабота, 25 април 2026

Николоски: Над 70 проценти раст во авиосообраќајот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека Владата силно работи на развој на ависообраќајот во кој се воведени 28 нови дестинации и силен раст од 30 отсто на бројот на патници во првиот квартал од годината.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

-Тоа е стратегија која ја работевме многу во 2024 година. Забележавме дека авиосообраќајот опаѓа многу, се намалува бројот на патници некаде околу 2,5 милиони патници. Создадовме концпет кој не е лесен, разговараме со бројни компании, ги замолував Македонија да ја стават како дестинација. Да не заборавиме дека Македонија нема излез на море, но денеска имаме 28 нови дестинации откако оваа Влада е избрана. Бројот на патници оваа година ќе помине 3,5 милиони, а во 2027 година очекувам да помине 4 милиони патници, што е некаде за 70 отсто раст“, рече Николоски во поткастот на порталот Курир.

Тој посочи дека оваа година скопскиот аеродром е во силен пораст на територија на поранешна Југославија, со 30 проценти раст во првите три месеци, а охридскиот е со 20 проценти раст. Со завршувањето на надградбата и реконструкцијата на охридскиот аеродром, додаде вицепремиерот Николоски,  растот ќе биде уште поголем. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ