„Состанокот помина во дух на конструктивен дијалог и заедничка визија за иднината. Во фокусот беше испратена силна порака за обединување и сплотеност на Македонците во Србија. Беше истакната важноста од координирана и континуирана комуникација, при што Македонскиот национален совет ќе има улога на главен и синхронизиран канал за поврзување и застапување на интересите на заедницата“, пишува во објавата.
Соговорниците се согласиле дека само преку заедништво, взаемна поддршка и институционална координација може да се обезбеди посилен глас и подобра иднина за Македонците во Србија.
„Средбата доаѓа во пресрет на одбележувањето на 80-годишнината од доселувањето на Македонците во Војводина“, се додава во објавата.






