Апесњето доаѓа откако на 24 април 2026 година, 42 годишен жител од Гостивар, пријавил дека пред неколку месеци, непознат маж со возило „фолксваген џип“ црна боја, ја пресретнал неговата малолетна ќерка и со употреба на физичка сила ја силувал, упатувајќи и закани по нејзиниот и животот на нејзиното семејство.
„Исто така на 22.04.2026 година на социјални мрежи биле објавени експлицитни фотографии и видеа на ќерката на пријавителот. По преземени мерки лицето е пронајдено, извршен е претрес во неговиот дом како и уште еден дом на подрачје на селото Равен каде приведеното лице престојувало при што се одземени лаптоп, мобилен телефон, УСБ стик и други предмети. Лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка по што ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од СВР Тетово.






