сабота, 25 април 2026

Откако беше полеан со доматен сос, синот на иранскиот шах зборуваше од стаклена кутија (ВИДЕО)

Реза Пахлави, иранскиот опозициски лидер во егзил, продолжува да привлекува внимание од јавноста и да предизвикува контроверзии со своите изјави, што го принуди да воведе необични безбедносни мерки.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На еден митинг во Берлин, тој беше полеан со доматен сос, а на следниот говор се појави во стаклена, непробојна кабина.

Пахлави повика на воена интервенција во Иран од страна на САД, а страдањето на сопствениот народ го нарече колатерална штета.

Инцидентот со доматен сос се случи за време на неговиот престој во Германија, во центарот на Берлин.

Еден од присутните активисти му пријде одзади и го полеа со црвена течност слична на боја, која го погоди по задниот дел од вратот и рамото.

Пахлави отворено ги поддржа израелските и американските напади врз Иран.

Пахлави, кој живее во егзил во американската држава Мериленд, е најстариот син на последниот шах на Иран, Мохамед Реза Пахлави, кој беше соборен во Исламската револуција во 1979 година.

Иако има поддршка од монархистите, Пахлави е контроверзна фигура меѓу опозициските групи во Иран, од кои некои ја отфрлаат можноста член на поранешното кралско семејство да се врати на власт. Критичарите го обвинуваат дека нема демократски легитимитет и дека е премногу близок со Израел. Не е јасно ни колку поддршка има во самиот Иран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ