среда, 20 мај 2026

Претседателот на Тајван испрати јасна порака до Кина и САД: „Нема да се откажеме од нашата слобода“

Иднината на Тајван не може да ја одредуваат „надворешни сили“, туку само неговиот народ, а демократски управуваниот остров нема да се откаже од својата слобода, изјави претседателот Лаи Чинг-те во среда, по повод две години од мандатот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лаи се соочува со притисок не само од Кина, која го смета Тајван за своја територија и го нарекува „сепаратист“, туку и од САД, традиционалниот сојузник на Тајван.

Минатата недела, по средбата со кинескиот претседател Си Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сè уште не донел одлука за понатамошна продажба на оружје на Тајван, што го нарече „добар адут за преговарање“, додавајќи дека „не сака никој да каже: Одиме кон независност“.

Зборувајќи во претседателската канцеларија во Тајпеј, Лаи рече дека демократијата не е „подарок што паднал од небото“. „Иднината на Тајван не може да ја одредат надворешни сили, ниту пак може да биде заложник на страв, поделба или краткорочни интереси. За иднината на Тајван мора заеднички да одлучат неговите 23 милиони жители“, рече тој.

Одржувањето на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец и спречувањето „надворешни сили“ да ја променат моменталната ситуација меѓу двете страни на теснецот се стратешки цели на Тајван, додаде Лаи. „Тајван е одговорен член на меѓународната заедница, а не страна што ја нарушува стабилноста“, рече тој.

Лаи повтори дека Тајван е подготвен, врз основа на принципите на еднаквост и достоинство, да учествува во здрави и уредни односи со Кина, но ги отфрли обидите „обединувањето да се прикаже како мир“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ