четврток, 7 мај 2026

Пред 15 години беше погубен Садам Хусеин

Објавено на

часот

Сподели

Сојузничките сили предводени од американската војска во 2003 ја почнаа инвазијата на Ирак, операцијата наречена Ирачка слобода, под оправдување дека Садам трупа оружје за масовно уништување.

Им беше потребен еден месец за да го скршат отпорот на ирачката војска, но не го најдоа Садам.

Вашингтон понуди 25 милиони долари за неговото фаќање. Околу 600 војници учествуваа во операцијата на потрага наречена Црвена зора, по американскиот антикомунистички филм снимен во 1984 година. Тоа беше можеби најголемиот лов на човек во историјата.

Го најдоа на 13 декември 2003 по осум месеци потрага, врз основа на разузнавачки податоци, „во дупка за стаорци“ покрај родниот Тикрит.

„Го имаме“, објави следниот ден во Багдад шефот на американската цивилна управа во Ирак Пол Бремер.

На снимката од фаќањето, ирачкиот диктатор изгледаше како скитник, запуштен, обраснат со брада и со празен поглед.

На војниците кои го фатиле им кажал на англиски јазик: „Јас сум Садам Хусеин, претседател на Ирак и сакам да преговарам“.

Не пружал отпор. Во близина биле најдени и два калашњикови и 750.000 долари во кеш.

Американците една година подоцна им го предадоа на ирачките власти за на специјален ирачки суд да му се суди за злосторства против човештвото.

Судењето траеше од октомври 2005 до јули 2006. Садам Хусеин, кој цело време го оспоруваше легитимитетот на судот, беше осуден на смрт на 5 ноември 2006.

Неговите егзекутори моментот на погубувањето го снимиле со камера. „Не видов знаци на страв“, кажал поранешниот советник Муфак ал Руби, кој бил присутен на извршувањето на смртната казна. Тој за време на режимот на Садам три пати бил во затвор.

„Пред погубувањето викаше дека им посакува смрт на Америка, смрт на Израел и на Персијците, и посака долго да живее Палестина“, кажал Ал Руби.

Откако човекот кој владееше со Ирак повеќе од 30 години беше прогласен за мртов, шиитите, кои најмногу пателе под неговата власт, излегоа на улиците и славеа.

Бруталното погубување, за кое американската војска тврди дека не учествувала, ги шокираше сунитите и предизвика меѓународна осуда, освен во Израел и Иран.

Ден по погубувањето Садам беше закопан во родното село Ауџа, покрај Тикрит, заедно со двата сина Удај и Кусај, кои беа убиени ист ден во акција на американските сили во Мосул во јули 2003.

Под негова власт од 1979 до 2003 репресијата била брутална, а војната со Иран (1980-1988) и Заливската војна (1990-1991) и санкциите имаа разорен ефект врз земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ