четврток, 23 април 2026

Повеќе од 5.000 новозаразени во Токио, нов рекорд

Објавено на

часот

Сподели

Новозаразените, 5.042 на број, се нов рекорд за тој град. Научниците стравуваат дека дневниот број на заразените може да се удвои во следните две недели. Во болниците се примаат само сериозно болни лица.

„Делта-сојот е многу силен непријател“, рече гувернерот на Токио, Јурико Коике. Владата размислува да воведе полициски час за да го спречи ширењето на инфекцијата. На граѓаните им се советува да останат дома.

Во Токио е прогласена вонредна состојба, која треба да остане во сила до 31 август. Затоа, рестораните и баровите мора да затвораат порано и не смеат да служат алкохол. Организаторите на Олимписките игри регистрираа 31 новозаразено лице поврзани со Игрите, најмногу досега. Меѓу нив е и еден спортист.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ