четврток, 7 мај 2026

Поранешната претседателка на Јужна Кореја ослободена од затвор

Објавено на

часот

Сподели

Парк Геун Хје беше разрешена од должноста шеф на државата во 2017 година, поради скандал што резултираше со апсење на шефовите на корпорациите Самсунг и Лоте.

Врховниот суд ја потврди 20-годишната затворска казна во јануари, откако Парк Геун Хје беше прогласена за виновна за примање мито, наведе Ројтерс.

Минатата недела јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин ја помилува Парк Геун Хје (69), наведувајќи ја како причина нејзината влошена здравствена состојба.

Парк Геун Хје преку адвокат изјави дека се извинила што предизвикала загриженост во јавноста и му се заблагодари на Мун на донесувањето „тешка одлука“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ