четврток, 26 март 2026

Полска до Русија: Предупредени сте

Русија не треба да се жали во Обединетите нации ако нејзините ракети или авиони се соборени откако влегле во воздушниот простор на НАТО, ја предупреди полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски Москва.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сикорски зборуваше вчера на вонредниот состанок на Советот за безбедност на ОН во Њујорк. Самитот беше свикан откако три руски воени авиони влегоа во естонскиот воздушен простор на 12 минути на 19 септември пред да бидат пресретнати од италијански авиони Ф-35.

„Имам само едно барање до руската влада: Ако уште еден проектил или авион влезе во нашиот воздушен простор без дозвола, намерно или по грешка, и биде соборен, а остатоците паднат на територијата на НАТО, ве молам не доаѓајте тука да плачете за тоа. Предупредени сте“, нагласи Сикорски.

Упадот во Естонија се случи откако руски дронови завршија во Полска и Романија претходно овој месец, ставајќи го НАТО во состојба на висока готовност.

Полскиот премиер Доналд Туск вчера објави дека Варшава ќе собори непријателски авиони што ќе влезат во полскиот воздушен простор. „Сакам да бидам многу јасен. Ќе донесеме одлука да ги соборуваме летачките објекти без дискусија кога ќе ја нарушат нашата територија и ќе летаат над Полска. Тука нема простор за дискусија“, изјави Туск на прес-конференција.

Потоа Сикорски упати уште една критика кон Москва во Њујорк. „Знаеме дека не ви е грижа за меѓународното право и дека не сте способни да живеете во мир со вашите соседи. Вашиот луд национализам содржи желба за доминација што нема да престане сè додека не разберете дека ерата на царствата е завршена и дека вашето царство нема да биде обновено“, истакна тој.

Повеќекратните упади на територијата на НАТО ја поттикнаа ЕУ да започне разговори за создавање таканаречен ѕид против дронови за одбрана на источната граница на Европа од Москва. Седум земји-членки на ЕУ треба да разговараат за одбранбениот маневар во петок на онлајн состанок со Европската комисија и Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ