вторник, 28 април 2026

Почина поранешниот алжирски претседател, беше на власт 20 години

Објавено на

часот

Сподели

Бутефлика, ветеран од алжирската војна за независност, владееше со таа северноафриканска земја две децении пред да се повлече од функцијата претседател во април 2019 година, кога неговиот план да бара петти мандат го осуетија војската и демонстрантите.

Од 2013 година, кога доживеа мозочен удар, ретко се појавуваше во јавноста.

По оставката на Бутефлика, властите во обид да ги прекинат протестите со кои се барани реформи започнаа дотогаш невидена истрага за корупција и осудија неколкумина високи функционери, вклучувајќи го и братот на претседателот и советникот, на затворски казни.

Бутефлика стана првиот алжирски министер за надворешни работи и важна фигура во движењето на неврзаните по војната за независност во 1962 година.

Како претседател на Генералното собрание на ОН во 1974 година, тој го повика поранешниот палестински лидер Јасер Арафат да зборува пред телото, а исто така побара Кина да добие место во Обединетите нации.

Првпат беше избран за претседател во 1999 година, кога договори примирје со исламистите и започна процес на национално помирување, овозможувајќи воспоставување мир. Се смета дека дури три од четирите изборни победи се обележани со измама и нерегуларности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ