Морнарицата објави дека еден член на екипажот на хеликоптерот е спасен и дека потрагата по уште пет члена на екипажот продолжува.
Претходно беше објавено дека воениот хеликоптер, кој полетал од американскиот брод „Абрахам Линколн“, во вторникот се урнал во океанот во близина на брегот на Сан Диего и дека се во тек спасувачки операции.
Како што наведе американската морнаричка пацифичка флота на Твитер, хеликоптерот МХ-60С, кој полетал од носачот на авиони „Абрахам Линколн“, се урнал во морето за време на рутински операции на летање на околу 60 наутички милји од брегот на Сан Диего, во 16:30 часот по локално време, на 31 август. МХ-60С е повеќенаменско летало, кое обично има екипаж од четири лица и се користи во мисии за борбена поддршка, хуманитарна помош при катастрофи и во потрага и спасување.






