четврток, 7 мај 2026

Палестинскиот претседател вторпат се сретна со израелскиот министер за одбрана

Објавено на

часот

Сподели

„Двајцата лидери разговараа за безбедносни и цивилни прашања“, се вели во соопштението.

Ганц го информирал Абас дека планира да продолжи да промовира акција насочена кон градење доверба на економското и граѓанското поле, како што беше одлучено на последниот состанок на двајцата лидери, се додава во соопштението.

Израелските медиуми пишуваат дека средбата се случила во куќата на Ганц во Рош Хааин, во центарот на земјата. 

Ликуд во соопштение ја осуди средбата, истакнувајќи дека отстапките опасни за израелската безбедност се само прашање на време.

„Израелско-палестинската влада ги врати на дневен ред Палестинците и Абас. Тоа е опасно за Израел“, додаде десничарската партија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ