вторник, 28 април 2026

Орбан: Унгарија последна ќе излезе од ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Унгарија и Полска се расправаат со Брисел за прашања што се движат од правата на ЛГБТ-популацијата до слободата на печатот, а во јули Европската комисија покрена правни постапки против двете земји, наведувајќи дискриминација врз геј-заедницата.

Унгарската агенција за државен долг (АКК) оваа недела собра еквивалент од 4,4 милијарди евра (5,2 милијарди американски долари) на глобалните пазари, што е многу повеќе од очекуваното за да го „покрие“ најверојатното доцнење на фондовите на ЕУ за закрепнување од епидемијата на коронавирусот.

Унгарскиот премиер Орбан изјави дека главната причина за останување во ЕУ не се парите што доаѓаат од Брисел и оцени дека оваа недела продажбата на долгот покажала дека унгарските финансии се на стабилна основа.

„Ако ја погледнете целата година, ние ќе добиеме повеќе пари од Брисел отколку што плаќаме. Но ако го одземете износот што се одлева, а кој западните компании го изнесуваат во своите земји, салдото е негативно“, рече Орбан во интервју за јавното радио.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ