„62,4 проценти од тестовите на тој сој покажуваат профил компатибилен со омикрон“ на почетокот од последната недела во годината, а 15 проценти биле во претходната недела, според неделниот извештај на агенцијата објавен во четвртокот вечер.
Ваквото ширење на омикрон верзијата беше очекувано бидејќи е екстремно заразна и веќе е распространета во другите европски земји како Велика Британија и Португалија.
Омикрон придонесе за сегашниот нагол пораст на бројот на заразени, од кои во средата и четвртокот во Франција ги имаше повеќе од 200.000 на ден.
Во француските болници сега се лекуваат 18.321 лице заболени со ковид, од кои 1.922 биле примени само помеѓу средата и четвртокот, а повеќе од 3.500 се на интензивна нега.
Поради се поголемото ширење на епидемијата, владата во понеделник најави нови рестриктивни мерки како што се обврската за работа од дома и ограничување на бројот на учесници на јавните собири.
Епидемијата однесе вкупно 123.552 животи во Франција.






