понеделник, 27 април 2026

Од последиците на ковид-19 починале повеќе од 4,46 милиони луѓе

Објавено на

часот

Сподели

Бројот на официјално заразените не го одразува реалниот број на инфицирани, бидејќи многу земји ги тестираат само пациентите на кои им е потребно болничко лекување.

Соединетите Американски Држави се најтешко погодени со 632.272 починати и 38.223.219 инфицирани.

Следат Бразил со 576.645 починати и 20.645.537 случаи на зараза, Индија со 436.365 починати (32.558.530 заразени). Мексико со 255.452 починати (3.271.128 заразени) и Пери со 198.031 починати (2.145.051 инфицирани).

Меѓу најтешко погодените земји, Перу има најмногу починати во однос на бројот на жители, 600 на 100.000 жители. Следат Унгарија (311), БиХ (297), Чешка (284), Македонија (275) и Бразил (271).

Јужна Америка и Карибите имаат 1.428.463 починати (42.892.425 заразени), Европа 1.239.750 починати (62.305.710 заразени), Азија 763.411 починати (49.223.734 инфицирани), САД и Канада 659.125 починати (39.700.707 инфицирани), Африка 191.774 починати (7.626.700 заразени), Блискиот Исток 177.242 починати (11.932.691 заразени) и Океанија 1.666 починати (113.312 заразени).

Франс прес секојдневно прави баланс врз основа на државните податоци на земјите во светот и информациите од Светската здравствена организација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ