Во објава на социјалните мрежи, Трамп изјави дека нападот се случил во јужниот дел на Карипското Море, во меѓународни води, и дека бродот превезувал наркотици наменети за американскиот пазар. Тој ја придружи објавата со снимки од воздух на кои се гледа моторен чамец како плови со голема брзина низ немирно море пред да се запали.
„По мои упатства, американските воени сили утрово извршија напад врз идентификувани наркотерористи од Трен де Арагва во зоната на одговорност на САУТКОМ. Резултатот беше 11 убиени терористи. Ниеден американски војник не беше повреден. Нека ова биде предупредување за секој што размислува да испраќа дрога во САД. Внимавајте!“, напиша Трамп.
BREAKING NEWS: President Trump publishes video images of the US army carrying out an attack on a ship carrying drugs from Venezuela.
I don’t know the real information of all this and possibly all this is false but I can’t deny that I’m starting to believe that Maduro is a drug… pic.twitter.com/Jae0VwbPTH
— GG (@LuillyDRR) September 2, 2025
Тој им рече на новинарите во Овалната соба дека американската војска „потопила брод со дрога во близина на Венецуела“. „Имаше многу дрога на тој брод“, додаде тој, истакнувајќи дека бил информиран за операцијата од началникот на Здружениот штаб, генерал Ден Кејн.
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, објави на Икс дека „американската војска денес изврши смртоносен напад во јужниот дел на Карипското Море врз брод што отпловил од Венецуела и бил управуван од означена наркотерористичка организација“. Не е познато каква дрога носел бродот.
Венецуелскиот министер за комуникации, Фреди Нoњез, тврдеше, без докази, дека видеото што Трамп го објавил е генерирано од вештачка интелигенција.
Администрацијата на Трамп го зголемува воениот и политичкиот притисок врз режимот на Николас Мадуро од јануари. Вашингтон понуди награда од 50 милиони долари за информации што ќе доведат до негово апсење поради обвиненијата за трговија со дрога. САД исто така прогласија неколку криминални групи во Латинска Америка како терористички организации, вклучувајќи ги Трен де Арагва и Картелот на сонцето, за кој американските власти велат дека е предводен од самиот Мадуро и високи воени и разузнавачки функционери.
Во изминатите два месеци, американската војска дополнително го зголеми своето присуство во јужниот дел на Карипското Море со распоредување воени бродови и илјадници маринци и морнари.
Венецуела реагираше остро на овие потези. Мадуро во понеделник се закани дека ќе прогласи „република во оружје“ доколку САД нападнат, нарекувајќи ги распоредувањата на американската војска „најголемата закана за нашиот континент во последните 100 години“.






