четврток, 7 мај 2026

Новата чешка влада ги замрзнува платите на државните службеници

Објавено на

часот

Сподели

Владата назначена на почетокот на месецот вети дека ќе го намали дефицитот на буџетот на централната влада во следната година под 300 милијарди круни (13,66 милијарди долари). Владата во заминување целеше на дефицит од 380 милијарди круни.

Во ноември, министерството за финансии прогнозираше дека буџетскиот дефицит за следната година ќе биде 4,4 отсто од бруто домашниот производ, наведува Ројтерс.

„Ги замрзнуваме платите на вработените во јавната администрација… и на нас (функционерите)“, рече министерот за труд и социјална политика Марјан Јуречка на прес-конференција во средата.

„Најдовме компромис, како клучните професии во борбата против пандемијата, како што се социјалната и здравствената заштита, наставниците, вработените во војската, сепак да добијат одредено зголемување“, додаде Јуречка.

Платите на наставниците ќе се зголемат за два отсто, а на здравствените и социјалните работници за шест отсто. Месечните плати за вработените во војската и на полицајците наместо за 1.000 ќе се зголемат за 700 круни.

Законот за замрзнување на платите на државните функционери е најавен за следната година.

Планираното замрзнување на платите е составен дел од амбициозниот план за штедење, чија цел е намалување на трошоците на централната влада за околу 4,7 милијарди круни во споредба со плановите на владата во заминување.

Јуречка, исто така, посочи дека ќе ги прошири програмите за помош на домаќинствата најтешко погодени од поскапувањето на енергијата.

Инфлацијата во Чешка се зголеми на шест отсто во ноември, а се очекува да достигне околу осум отсто на почетокот на 2022 година, поттикната од зголемените цени на енергијата, прекините во синџирот за набавка и недостигот на работна сила.

Чешка во 2022 година ќе започне со привремен буџет, а владата планира да подготви нов предлог до крајот на март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ