Нов Зеланд во понеделникот пријави 20 нови случаи на локално пренесена зараза, така што жариштето откриено во Окленд има вкупно 821 случаи на инфекција.
Строгиот карантин беше воведен во земјата неколку часа откако на 18 август беше откриен еден случај и беа затворени сите училишта и компании кои не се нужни.
Ардерн рече дека ограничувањата за поголемиот дел од земјата ќе бидат ублажени од среда. „Ова е доказ за напорната работа на сите нас“, рече таа.
Меѓутоа, правилата како што се задолжително носење маски во затворени простории и ограничувањата за собири на 50 луѓе во затворено и до 100 лица на отворено, сè уште мора да се почитуваат во земјата.
„Делта ги промени правилата на игра, па ако сакаме да ја победиме, и ние мора да го смениме планот на игра“, рече Ардерн говорејќи за варијантата на ковид-19.
„Работевме толку добро за да ја ставиме епидемијата под контрола… Елиминацијата е на повидок, но не смееме да ја испуштиме топката“, рече таа.
Регионот Окленд, жариштето на заразата, ќе остане во строг карантин, а ограничувањата во градот ќе бидат разгледани на 13 септември.
Тоа е прва национална блокада во Нов Зеланд од март 2020 година, кога целата земја шест недели беше со најстроги рестрикции.
Земјата со 5 милиони жители има пријавено околу 3.400 случаи на ковид-19 од почетокот на пандемијата и 27 смртни случаи.






