четврток, 16 април 2026

Најмногу гласови на изборите во Франција за конзервативците

Објавено на

часот

Сподели

Три агенции проценија дека Републиканците добиле меѓу 26 и 28 отсто од гласовите, а дека зад нив се партијата на Ле Пен, Социјалистичката партија со сојузниците, Зелените и, на петтото место, партијата Република во движење на претседателот на државата Емануел Макрон.

Регионалните избори, на кои партиите се натпреваруваат во локалните проблеми, многумина ги гледаат како клучен тест пред претседателските избори следната година.

Анкетите предвидуваа уште полош резултат на партијата на Макрон, на која ѝ недостига силна гласачка база на локално ниво, а на исходот влијаеше и незадоволството на граѓаните од начинот на кој владата управуваше со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Партиите кои ќе освојат повеќе од десет отсто од гласовите одат во вториот круг, закажан за 27 јуни.

Клучното прашање пред вториот круг ќе биде дали гласачите и понатаму се обединети во настојувањето да спречат Ле Пен да дојде на власт, како што беа во претходните изборни циклуси.

Првиот круг на регионалните избори го обележа исклучително ниска излезност, помала од 34 отсто.

Французите вчера ги бираа властите во 13 региони во земјата и во две прекуморски територии. Во нивна надлежност се главно локални прашања, како сообраќајот, школите и инфраструктурата.

Политичарите, меѓутоа, ги користат изборите како прилика да добијат поддржувачи за претседателските избори во април 2022 година, на кои се очекува доминација на Ле Пен и Макрон.

Затоа не треба да чуди тоа што во кампањата доминираа безбедносните и економските прашања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ