сабота, 25 април 2026

Над 70 деца киднапирани од напаѓачи од училиште во северозападна Нигерија

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот се случил во средно училиште лоцирано во зафрленото село Каја, во државата Замфара. Потрагата по киднаперите почнала брзо, но допрва треба да даде резултати.

„Командата… распореди тим за пребарување и спасување, кој беше задолжен да работи во синергија со војската за да обезбеди безбедно спасување на киднапираните ученици“, изјави портпаролот на полицијата во Замфара, Мохамед Шеху.

Најновото масовно киднапирање доаѓа неколку дена откако околу 100 киднапирани деца беа ослободени од заробеништво во државата Нигер, северозападна Нигерија. Децата поминаа скоро три месеци во заробеништво, откако 136 ученици беа грабнати од исламското училиште во градот Тегина. Шест од нив починаа во заробеништво, а некои успеаја сами да избегаат.

Иако владата не образложи повеќе за ослободувањето, медиумите навестија дека им е платен откуп на киднаперите. Групата деца од Тегина беше една од најмладите досега киднапирани во земјата, вклучително и деца на возраст од четири години. Наводно, некои од ослободените малолетници биле вратени во лоша состојба, а наставниците од училиштето за медиумите изјавиле дека „повраќаат крв“ и не можат сами да одат.

Киднапирањето стана сѐ почеста појава во земјата, од минатиот декември се киднапирани повеќе од 1.000 деца. Тактиката ја користат и антивладините бунтовници активни на североистокот од земјата, и вооружените банди активни на други места низ Нигерија. Многу од киднапираните се ослободени, наводно, откако биле платени откупнини.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ