Бајден и Гани разговарале приближно 14 минути на 23 јули. На 15 август Гани избега од претседателската палата, а талибанците влегоа во Кабул. Оттогаш, десетици илјади очајни Авганистанци избегаа, а 13 американски војници и голем број авганистански цивили загинаа во самоубиствен напад на аеродромот во Кабул за време на американската евакуација.
Kabul’s airport, now under the control of the Taliban, was quiet following the withdrawal of the last U.S. troops from Afghanistan https://t.co/xbGJCSS47a pic.twitter.com/NOdSZR4acF
— Reuters (@Reuters) August 31, 2021
Ројтерс го видел транскриптот од телефонскиот повик помеѓу Бајден и Гани и ја потврдил автентичноста на разговорот. Материјалот го добил под услов на анонимност од извор што не бил овластен да го стори тоа.
Во повикот, Бајден понудил помош доколку Гани може да ја убеди јавноста дека има план за контрола на ситуацијата во Авганистан. „Ќе продолжиме да даваме воздушна поддршка ако знаеме каков е планот“, рекол Бајден. Неколку дена пред повикот, САД извршија воздушни напади за поддршка на авганистанските безбедносни сили, за кои талибанците рекоа дека го прекршуваат мировниот договор од Доха.
Американскиот претседател, исто така, го советувал Гани да се обиде да добие поддршка од моќни луѓе во Авганистан за својата воена стратегија, а потоа и да стави „воин“ на чело на војската, мислејќи на министерот за одбрана генералот Бизмилах Кан Мохамади. Бајден ги пофалил авганистанските вооружени сили обучени и финансирани од американската влада.
„Очигледно ти ја имаш најдобрата војска“, му рекол на Гани. „Имате 300.000 добро вооружени сили наспроти 70-80.000 и тие очигледно се способни да се борат добро“, му рекол тој. Неколку дена подоцна авганистанската армија почна да се распаѓа во главните градови на земјата и речиси воопшто не им пружи отпор на талибанците.
За време на поголем дел од разговорот, Бајден се фокусирал на, како што вели, проблемот на „перцепцијата“ на авганистанската влада. „Не треба да ти кажувам дека низ целиот свет и во некои делови на Авганистан постои перцепција дека работите не одат добро во однос на борбата против талибанците“, вели Бајден. „Постои потреба да испратите поинаква слика, без разлика дали е вистина или не“, додава Бајден.
Бајден му рекол на Гани дека ако истакнати авганистански политички личности одржат прес-конференција заедно, поддржувајќи ја новата воена стратегија, „тоа ќе ја промени перцепцијата и многу други работи“.
Зборовите на Бајден укажуваат дека тој не очекувал 23 дена подоцна да дојде до масовен бунт и колапс. „Ќе продолжиме да се бориме напорно, дипломатски, политички, економски, за да се осигуриме дека вашата влада не само што ќе преживее, туку дека е и одржлива и расте“, рече Бајден.
Белата куќа одбила да го коментира разговорот.
An image from the Pentagon taken with night-vision optics showed the last U.S. soldier to step aboard the final evacuation flight out of Kabul – Major General Chris Donahue, commander of the 82nd Airborne Division https://t.co/ZtuKLxMNsy pic.twitter.com/yIfwHyo2U4
— Reuters Pictures (@reuterspictures) August 31, 2021
Во времето на повикот, Соединетите Држави веќе планираа повлекување од Авганистан, кое Бајден го одложи од мајскиот датум определен од неговиот претходник Доналд Трамп. Американската војска во почетокот на јули ја затвори својата главна авганистанска воздушна база во Баграм.
Додека разговарале двајцата претседатели, талибанските бунтовници контролираа околу половина од авганистанските области, што укажува на брзо влошување на безбедносната ситуација.
„Јас не сум војник, затоа не можам да ти кажам како точно треба да изгледа планот, не само што вие ќе добиете дополнителна помош, туку и ќе се добие поинаква перцепција за вас“, рекол Бајден.
Кога Бајден побарал од Гани да го вклучи поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи на прес-конференција, Гани одбил. „Карзаи не би бил од помош“, рекол тој. „Со месеци се обидувавме со претседателот Карзаи. Последен пат се сретнавме на 110 минути, ме проколнуваше и ме обвинуваше дека сум им слуга на Американците“, додал Гани.
Бајден направил пауза пред да одговори: „Нема да го коментирам тоа“.
Scenes from the final flights out of Kabul, as the U.S. and their allies mount the biggest air evacuation in history: https://t.co/6vnUlaboMc pic.twitter.com/Na97Q3oQPE
— Reuters Pictures (@reuterspictures) August 30, 2021
Втор разговор со Гани
Во друг повик подоцна истиот ден, во кој не учествувал американскиот претседател, со Гани зборувале советникот на Бајден за национална безбедност Џејк Саливен, генералот Марк Мили и командантот на американската Централна команда генералот Френк Мекензи. Ројтерс го добил транскриптот и од тој повик.
И во овој разговор, областа на фокус била глобалната перцепција за настаните во Авганистан. Мили, шеф на Здружениот генералштаб, му рекол на Гани дека „перцепцијата во Соединетите Држави, во Европа и во медиумите е наратив за талибански импулс и наратив за талибанска победа. И ние треба здружено да покажеме и да се обидеме да ја свртиме таа перцепција, тој наратив“.
„Не верувам дека тука времето ни е пријател. Треба брзо да се движиме“, додал Мекензи.






