Милановиќ, на прашањето на новинарите за граничните спорови кажа дека единственото што го интересира е судбината на исчезнатите.
„Од тоа немам намера да отстапам. Од Србија не можеме да бараме воена отштета, но тоа се човечки души, повеќе не тела. Тие ги имаат тие информации и ќе мора да ни ги дадат. Мора да се фокусираме на она што е важно, а тоа се исчезнатите. Тоа друштвото во Белград може да ни го даде ако сака“, кажа Милановиќ.
На прашањето за доаѓањето на поранешниот британски премиер Тони Блер, кој го советува и српскиот претседател Александар Вучиќ, во Загреб, односно дали знае нешто за неговиот ангажман во Хрватска, Милановиќ кажа дека и тој се сретнал со него.
„Беше тој вчера кај мене, но не го објавив тоа во медиумите. Тој е еден од најголемите ликови во политиката во последните 30 години. За некои работи му замеруваат… Не би сакал да му наштетам, нека работи добро човекот, но мислам дека тој вид однос на Хрватска повеќе не ѝ треба, како што им треба на Србија и Албанија. Но за тоа не одлучувам и не ги знам деталите“, кажа хрватскиот претседател.






