Четворица унгарски војници биле полесно повредени.
Петнаесет мигранти се обидоа да ја совладаат воената патрола долж оградата на унгарско-српската граница, користејќи гасен спреј.
Сепак, според соопштението, полицијата и воените сили на Унгарија успеале да спречат нелегално преминување на границата.
Во таа акција, четворица унгарски војници беа полесно повредени.
„Колегите ќе сторат сѐ за да го зачуваат јавниот ред и безбедноста, тие имаат доволно луѓе и технички средства да ја чуваат границата“, се вели во соопштението на унгарската полиција.






