Сведоците ја контактирале полицијата кога ја виделе исклучително јаката светлина и слушнале силна бучава, пишуваат денес норвешките медиуми.
Некои ги отвориле прозорците и вратите бидејќи почувствувале промена на притисокот на воздухот. Новинар на норвешкиот весник Верденс ганг метеорот го опиша како огнена топка во воздухот која го осветлила целото небо.
Светлината по 1 часот наутро (по локално време) можела да се види на југот на Норвешка, но и во Шведска.
Експертите сметаат дека делови од метеорот паднале западно од главниот град Осло.
[video:https://youtu.be/lud7SlrJY7g autoplay:0]Вегард Лундби од Норвешката мрежа за следење метеори кажа дека во моментов се трага по остатоците од метеорот на Земјата кои би можеле да тежат неколку килограми.
Големината на метеорот е сè уште непозната, но извештаите покажуваат дека бил прилично голем. Некои проценки се дека тежи и неколку десетици килограми.
Според ВГ, научниците сметаат дека метеорот стигнал од појас со астероиди меѓу Марс и Јупитер.






