четврток, 26 март 2026

Мерц: Не можам да верувам дека целата сала во Минхен стана за Рубио, јас не би

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го изрази своето незадоволство од овациите што ги доби американскиот дипломат Марко Рубио на Минхенската безбедносна конференција, велејќи дека неговиот говор всушност бил политиката на Доналд Трамп во „попријателско пакување“, пренесува ДПА.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не бев во салата, а дури и да бев, тешко дека ќе станев“, рече Мерц во политичкиот подкаст Махтвексел, кој ќе биде објавен во целост подоцна денес. Мерц истакна дека говорот на Рубио не бил толку конфронтациски како оној што го одржа потпретседателот на САД Џеј Ди Венс на истата конференција минатата година. Сепак, тој додаде дека неговата содржина сепак е одраз на политиката на претседателот Трамп, само во „попријателско пакување“.

Канцеларот ја објасни реакцијата на публиката со фактот дека публиката била задоволна што пред нив стои Американец кој и понатаму им се обраќа како на пријатели. „Тоа само по себе предизвика одредена емоција. Не би ми било доволно на мене, но очигледно беше за салата“, рече Мерц.

Во Минхен, Рубио се залагаше за ревитализација на трансатлантското партнерство, но во исто време јасно стави до знаење дека таквата соработка ја гледа само под условите што ги диктира администрацијата на Трамп, пишува ДПА.

Говорот на Рубио во баварската престолнина, во кој тој нагласи дека „САД и Европа си припаѓаат едни на други“ и дека судбините на двата континента „секогаш ќе бидат испреплетени“, беше дочекан со силен аплауз од публиката.

Повеќе пати нагласувајќи дека Вашингтон сака да соработува со Европа, Рубио сепак предупреди дека овој сојуз треба да се поправи. „Не сакаме слаби сојузници и не сакаме да бидеме учтиви и тивки чувари на пропаста на Западот“, рече тој.

Зборувајќи за миграцијата, тој рече дека Западот може да напредува само ако ги контролира своите граници. „Тоа не е израз на ксенофобија, туку фундаментален чин на национален суверенитет“, нагласи тој. Тој ги критикуваше политиките за климата и миграцијата на претходните американски администрации и некои западни лидери, велејќи дека „климатскиот култ“ ги осиромашил луѓето и дека е „закана за нашата иднина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ