Макрон за време на посетата на Француска Полинезија истакна дека секој има право да се изрази, но дека не постои нешто како „слобода таму каде што никому ништо не му се должи“.
„Во што е вредноста на вашата слобода, ако ми кажете дека не сакате да се вакцинирате, а утре ги заразите својот татко, мајка или мене?“, праша Макрон.
Францускиот претседател истакна дека слободата се заснова на реципрочната должност, а не на себичноста.
Макрон ја истакна и можноста некој пациент во болница да не ја добие потребната нега поради тоа што лекарите ѝ помагаат на друга личност, која одбила да прими вакцина.
„Тоа не е слобода, тоа се вика неодговорност, егоизам“, напомена Макрон, порачувајќи дека „испраќа многу силна порака до сите да се вакцинираат“.
Неколку десетици илјади луѓе протестираа за време на викендот во Франција поради одлуката на властите да воведат ковид пропусници и задолжителна вакцинација за работниците во одредени сектори.
Слични протести за време на викендот се одржаа во Британија, Италија и Австралија.






