„Со отстранување на сите блокади и вистинско ангажирање во овој комплексен дијалог со Иран, мора да постигнеме безусловно повторно отворање на Ормускиот теснец, без никакви такси за пловидба“, рече Макрон во Најроби на крајот од Француско-африканскиот самит, објавија француските медиуми.
Тој додаде дека е потребно да се продолжи дијалогот меѓу Техеран и САД за прашањето на нуклеарните и балистичките ракети на Иран, но со учество на Европејците.
Макрон повика на целосно почитување на прекинот на огнот во целиот регион, велејќи дека е неприфатливо да се води војна во Либан, каде што Израел се бори против движењето Хезболах.






