сабота, 25 април 2026

Курц: Карантин само за невакцинираните

Објавено на

часот

Сподели

Курц, за ОРФ, објасни дека неделната инциденца повеќе нема да се следи како индикативна вредност врз основа на која ќе се преземаат мерките, како што беше досега. Наместо тоа, ќе се следи пополнетоста на одделите за интензивна нега.

Тој објасни дека е направен план за мерките што ќе се применат по достигнувањето одреден капацитет.

Што се однесува до карантинот, Курц рече дека, доколку бидат потребни „заштитни мерки“, тие повеќе нема да бидат за целата земја, туку само за невакцинираните.

Кога станува збор за вакцинацијата, тој објави дека сака да продолжи да ја дава третата доза и дека целта останува да се зголеми стапката на вакцинација на населението.

Тој, исто така, најави зајакнување на контролите, не само за да ги убеди луѓето да се вакцинираат, туку и затоа што има сѐ повеќе лажни потврди за вакцинација, а правилата против коронавирусот не се почитуваат насекаде.

Запрашан за училиштата, Курц посочи дека тие ќе останат отворени.

Тој рече дека по секоја цена сака да спречи нов карантин и преминување на часови од дома.

„Доколку е потребно, ќе го продолжиме успешниот концепт за третиот бран со интензивно тестирање по почетокот на учебната година“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ