вторник, 28 април 2026

Кумот на Ѓукановиќ под истрага поради сомнеж за финансиски малверзации

Објавено на

часот

Сподели

Специјалната обвинителка Лидија Вукчевиќ кажа на конференција за новинарите во Подгорица дека обвинителството на почетокот на септември донело наредба за спроведување на истрага против Брковиќ, неговите синови Борис и Бојан, и извршниот директор на компанијата Вектра Милиќ Поповиќ.

Тие се осомничени за злоупотреба на овластувања во стопанството и перење пари.

Вукчевиќ кажа дека од доказите кои обвинителите ги собрале се дознава дека осомничените за време на 2018 и 2019 година за седум милиони евра продале дел од имотот на претпријатието, а дека парите не отишле за тоа за што биле наменети.

Објасни дека тие пари со фиктивни договори биле пренесени на други фирми, меѓу кои и договор за трансфер на 2.000.000 евра на сметка на фирма од Абу Даби, чиј сопственик е еден од осомничените.

Обвинителката Вукчевиќ кажа дека паралелно со таа почната е и финансиска истрага против осомничените и лица поврзани со нив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ