Во Женева летоска се сретнаа претседателите на Русија и Соединетите Американски Држави, Владимир Путин и Џо Бајден, што беше нивна прва средба откако Бајден стана претседател на Америка.
Песков го коментираше предлог законот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес со кој САД би ѝ вовеле нови санкции на Москва.
„Законот допрва треба да мине неколку дискусии, а потоа, се поставува прашањето дали американската администрација ќе ги послуша препораките кои се однесуваат на санкциите. Секако, тоа би било најлошото можно сценарио за нашите односи. Би се избришал духот од Женева и секој зрак надеж за продолжување на темелниот дијалог кој се појави по средбата во Женева“, истакна Песков.






