Ова, како што се наведува, се гледа од видеото снимено пред лондонски Тауер.
На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа како двајца гардисти маршираат додека случајни минувачи ги гледаат. Во еден момент пред гардистите се појавува дете, еден од нив вика за да го опомени, а потоа и го прегазува.
Детето завршува на земја, но брзо станува.
? | WATCH: A kid gets trampled by the queen’s guards pic.twitter.com/xzv7W8I2F5
— News For All (@NewsForAIl) December 29, 2021
Британската војска соопшти дека била информирана за инцидентот и дека гардистите „ги предупредиле минувачите дека наидува патрола, но детето, за жал, одеднаш истрчало пред војниците“. „По инцидентот војниците го контактираа семејството на детето и се уверија дека е добро“, соопшти британската војска.






