сабота, 15 ноември 2025

Кралот Чарлс Трети откри споменик на ЛГБТ+ припадниците на вооружените сили (ВИДЕО)

Британскиот крал Чарлс Трети откри споменик на припадниците на ЛГБТ+ заедницата на вооружените сили во понеделникот.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Споменикот „Отворено писмо“ е посветен на припадниците на ЛГБТ заедницата која служи во вооружените сили, како и на оние кои служеле кога на геј популацијата ѝ било забрането да биде во армијата.

За време на забраната, која траела до 2000 година, припадниците на ЛГБТ заедницата биле подложени на агресивни истраги, отпуштања и, во некои случаи, затворски казни.

На откривањето на споменикот му претходела повеќегодишна кампања за промена на законот, а потоа и исплата на надомест, наведе Би-Би-Си.

Британскиот премиер Кир Стармер рече дека споменикот претставува почит кон „храброста и службата на овие воени ветерани“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ