Полицијата не им дозволи на новинарите пристап до потесниот круг на подружницата на НЛБ банката.
Според Вијести, по разговорот потпретседателот на црногорската влада Дритан Абазовиќ, Бегзиќ мирно ѝ се предал на полицијата.
Тој претходно на подружницата на банката залепил натпис „Вратете ги парите кои ги украдовте од работниците на Приморка“. Полицијата за Вијести потврди дека тој се заканувал дека ќе активира експлозивна направа.
Полицијата со часови преговарала со Бегзиќ, со кого разговарал и Абазовиќ, кој е координатор на безбедносни служби во црногорската влада.
Како што неофицијално се дознава, работниците на Приморка во петок ќе бидат примени во кабинетот на Абазовиќ.
Бегзиќ претходно порача, во видео снимка доставена до медиумите, дека ако кој било испрати приватно обезбедување, војска или полиција за да ги „нападне работниците“, ќе биде одговорен за „хаосот што ќе настане“.






