Државните медиуми јавија дека властите престапниците во бели заштитни одела ги спровеле пред толпи луѓе во градот Џингши во автономниот регион Гуангши.
Лицата се обвинетите дека им помагале на нелегални мигранти да ја преминат границата од соседен Виетнам.
Од почетокот на пандемијата кинеските национални граници се затворени поради стравување од увоз на случаи на коронавирусот.
На кратките снимки објавени на социјалните мрежи се гледаат лица како носат картони со сопствените фотографија и име, додека низ улиците ги носат двајца чувари. Парадата ја надгледувале десетици полицајци, некои од нив вооружени.
[video:https://youtu.be/19eG0YDrXWo autoplay:0]На кинеските социјални мрежи, драстичните мерки на државата добиваат одредено одобрување.
„Луѓето како нив тоа го заслужуваат. Што ако го донесат вирусот во земјата?“, напиша еден корисник на платформата Веибо.
Глетките потсетуваат на јавните понижувања кои биле вообичаени за време на културната револуција под Мао Це Тунг, од 1966 до 1976 година.
Кинеската влада целосно го забрани парадирањето на обвинетите лица во 2010 година, но во изминатите месеци таа пракса е обновена поради сузбивањето на коронавирусот.






