Ерусалим пост јавува дека Тамара Жив е именувана за амбасадорка за Косово.
Покрај Косово, нови амбасадори се именувани и во Обединетите Арапски Емирати, Белгија, Норвешка, Унгарија, Колумбија и Виетнам.
Израел и Косово воспоставија дипломатски односи пред неколку месеци благодарение на договорот меѓу Косово и Србија од 4 септември минатата година во Вашингтон, со посредство на САД.
Условот на Израел за признавање на независноста на Косово и за дипломатските односи беше отворање на амбасада во Ерусалим.






