четврток, 7 мај 2026

Израел го нападна Бејрут првпат за време на прекинот на огнот

Израел денес го нападна Бејрут за прв пат откако минатиот месец беше постигнат договор за прекин на огнот со Хезболах, велејќи дека целта бил командантот на елитната единица Радван на милитантната група во јужните предградија на градот.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац ја објавија акцијата во заедничко соопштение. Израелските медиуми објавија дека командантот е убиен во нападот, но ова не беше потврдено ниту од израелската војска ниту од Хезболах.

Прекинот на огнот во Либан беше основа за поширок прекин на огнот меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран, бидејќи запирањето на израелските напади врз Либан беше клучно барање на Иран, пренесува Ројтерс.

Додека Иран и САД велат дека се приближуваат кон договор за прекин на конфликтот, нападите се закана за прекинот на огнот што ги запре израелските напади врз Бејрут. Израелската војска остана во областите јужно од реката Литани, додека нападите продолжија во јужен Либан.

Хезболах, сојузник на Иран, одговори со лансирање ракети и испраќање вооружени беспилотни летала кон израелските војници.

Израел порано денеска ги повика жителите на неколку села северно од реката Литани да се евакуираат, што би можело да претставува проширување на зоната на дејствување на Израел.

Преговорите меѓу Израел и Либан продолжуваат, но најчесто се водат на амбасадорско ниво. Либанскиот премиер Наваф Салам денес изјави дека е прерано да се зборува за каква било средба на високо ниво меѓу Либан и Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ