Пожарот ги вознемири граѓаните кои живеат во близина на фабриката и стравуваа по силната експлозија во еден од погоните на фабриката која се случи ден претходно. Во експлозијата беа полесно повредени тројца работници, а повеќе десетици семејства од околината на фабриката беа евакуирани.
Explosions rocked the plant of Serbian ammunition manufacturer Sloboda in the city of Cacak. pic.twitter.com/ocniJcfipy
— Никола Миковић / Nikola Mikovic (@nikola_mikovic) June 19, 2021
Експлозии во фабриката имаше и порано.
На 4 јуни оваа година се случија низа експлозии во фабриката.
Локалното население наведува дека тогаш како последица на експлозијата им настрадала стоката, а некои велат дека во своето село нашле шрапнели и делови од оружје. Мештаните тврдат дека имало и видливи штети на улиците и автомобилите.
Ја бих рекао да је ово Слобода Чачак. Боже помози и спаси. pic.twitter.com/tNb7VIysIE
— Тамјаном против короне (@zaboga_Gojko) June 3, 2021






