Засега нема извештаи за штета. Иранската команда Хатам ал-Анбија, која ги координира сите гранки на вооружените сили, претходно рече дека американската операција го крши примирјето и рече дека ќе одговори на „чинот на вооружено пиратство од страна на американската морнарица“.
Американската Команда на Блискиот Исток (ЦЕНТКОМ) утрово објави видео на кое се гледаат маринци од хеликоптери како го напаѓаат иранскиот брод Туска во Оманскиот Залив.
U.S. Marines depart amphibious assault ship USS Tripoli (LHA 7) by helicopter and transit over the Arabian Sea to board and seize M/V Touska. The Marines rappelled onto the Iranian-flagged vessel, April 19, after guided-missile destroyer USS Spruance (DDG 111) disabled Touska’s… pic.twitter.com/mFxI5RzYCS
— U.S. Central Command (@CENTCOM) April 20, 2026
Според изјавите на САД, бродот претходно бил онеспособен откако разорувачот Усс Спруанс отворил оган врз неговата машинска просторија, а потоа маринците ја презеле контролата врз бродот. САД тврдат дека екипажот претходно добивал неколкучасовни предупредувања.
Војната меѓу САД и Иран започна по американско-израелските напади врз иранските воени цели и раководство, на што Техеран одговори со блокирање на Ормускиот теснец, низ кој минува околу една петтина од светската нафта.
Потоа САД започнаа блокада на иранските пристаништа и распоредија дополнителни сили во Оманскиот Залив и Арапското Море, тврдејќи дека така обезбедуваат слобода на пловидба и ги заштитуваат трговските бродови.






