четврток, 26 март 2026

Иран егзекутирал најмалку 1.000 лица во последните 9 месеци

Иран извршил најмалку 1.000 смртни казни во последните девет месеци, објави норвешката организација за човекови права Иран хјуман рајтс (ИХР), како што објави Телеграф. Бројот на егзекуции го достигна највисокото ниво во последните триесет години, со 64 егзекуции извршени само во изминатата недела, се дознава.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повеќето од смртните казни биле со бесење, а бројот на егзекуции го надмина претходниот рекорд од 975 смртни казни од 2024 година и рекордот од 2015 година.

Директорот на ИХР Махмуд Амири-Могадам за Телеграф изјави дека Исламската Република започнала кампања на масовни убиства во иранските затвори, а со оглед на недостатокот на сериозни меѓународни реакции, оваа кампања се шири секој ден.

Зголемувањето на бројот на егзекуции се поврзува и со 12-дневната војна меѓу Иран и Израел, при што Техеран обвини голем број поединци за соработка со Израел. Претседателот на иранското судство Голамхосеин Мохсени Еџеи изјави дека шпионите ќе бидат решително и законски санкционирани, иако нивното откривање е тешко и бара разузнавачки методи.

Експертите предупредуваат дека исламскиот режим ја искористил војната на Блискиот Исток за да ја интензивира репресијата и да создаде страв од бунт. Амнести интернешнл и други хуманитарни организации предупредија дека Иран е втор во светот по бројот на извршени смртни казни, веднаш зад Кина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ